Милена Арсовска со главна улога во операта „Славеј" во Прага
Македонската сопранистка Милена Арсовска синоќа со воодушевување и ентузијазам беше примена од чешката публика, настапувајќи во Народниот театар во Прага, јави дописникот на МИА.
Арсовска ја има главната улога во операта ,,Славеј" на рускиот композитор Игор Стравински (1882-1971).
Либретото го напишал во 1914 година заедно со својот пријател Стјепан Митусов, по истоимената бајка на Ханс Кристијан Андерсен, а операта во три чина е прва опера на Стравински.
Приказната е за кинескиот цар, кој опкружен со неверојатен луксуз и лажни вредности, ќе се воодушеви и ќе чезнее по пеењето на едно обично славејче, покажувајќи дека не знае ништо за чистата убавина на природата и нејзините суштества.
Шеф диригент е извонредниот Јан Латхам Коениг, истовремено уметнички директор на Новаја Опера во Москва, на Филхармонискиот оркестар во Мексико Сити и Симфонискиот оркестар на Фландрија, Бриж.
,,Славејот" на Стравински во Чешка досега е изведен само на два концерти во 2010 година.
Македонската сопранистка Милена Арсовска дипломирала на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Дебитирала на 17 години на сцената на Македонската опера и балет, а како слободен уметник повеќе од шест години живее во Виена каде има завршено магистерски студии по оперско пеење.
Покрај во Македонија и Австрија, има настапувано и во Шпанија, Италија, Германија, Швајцарија, Шведска, Холандија, Малта, Франција, Јапонија и САД.
Ново на Сител
-
Во ООУ „Наум Охридски“ во Булачани отворена нова спортска сала за 200 ученици
-
16 дена активизам против насилство врз жени и девојки
-
Млади во земјоделието
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Марија Ристевска
-
Силниот ветер откорна дел од кровот на средно училиште во Штип
-
Ветер од над 100 километри на час во штипско и битолско
-
Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај од понеделник, но бараат зголемување на тарифникот