Мигрантски протест во центарот на Стокхолм против заострувањето на правилата за прифат на бегалци

Стотици мигранти синоќа на централниот стокхолмски плоштад Мунтторгет, пред зградата на шведскиот Парламент, протестираа против законот, што влезе во сила на 20 јули, а со кој се заоструваат правилата за прифаќање на бегалци во ова скандинавско кралство, пренесе ТАСС.
- Не можам да сфатам како овој закон го минал гласањето во Парламентот. Треба нешто да се направи. Не можеме да молчиме, изјави организаторот на протестот Раша Дауд.
Со новиот закон на бегалците им се дава привремено наместо постојано право на престој, им се ограничуваат правата за соединување на семејствата и се зголемува висината на приходите со кои дојденците треба да располагаат доколку сакаат во Шведска да ги донесат своите најблиски. Законот има и ретроактивно дејство, а ги засега и луѓето кои поднеле барање за азил пред 24 ноември минатата година.
ТАСС потсетува дека минатата година кралството, во кое живеат 9,8 милиони луѓе, прифати 163.000 мигранти. Тоа е највисокиот просек по глава на жител во Европа.
Ново на Сител
-

Шведска со порака: Уставните измени мора да се спроведат
-

Ден на даночните работници
-

АДКОМ и РКЕ со иницијатива за нов тарифен модел за водните услуги
-

Да не дозволиме попреченоста да го дефинира човекот како личност
-

Преглед на вестите од светот
-

Mицкоски: Градинките и училиштата ни се приоритет, наместо платите на судиите и обвинителите
-

Teма на денот со Лилјана Поповска, поранешна пратеничка
-

Пет ученици се хоспитализирани од О.У „Димо Хаџи Димов”, причината за симптомите ќе се знае утре
