Мицотакис: Турција е сама, наспроти ги има Грција, цела Европа и нашите сојузници во НАТО
Сè што имаше Грција да каже, јасно го кажа во ОН, и за нејзините црвени линии и за пријателското расположение кон турскиот народ. Другата страна може монотоно да ги повторува своите лаги и закани и во тоа сепак останува сама, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на денешната владина седница, јави дописничката на МИА од Атина.
Говорејќи за односите и ставовите на Турција, Мицотакис истакна дека Грција останува смирена и со самодоверба во своите позиции усогласени со меѓународното право и со поддршката на сојузниците.
-Наместо потпалувачки зборови, конечно да изберат креативни постапки и да го изберат патот на суштински дијалог. Наспроти нив, на крајот на краиштата, не ја имаат само Грција, туку ја имаат цела Европа, како и нашите сојузници во НАТО, порача грчкиот премиер на почетокот од денешната владина седница.
Ново на Сител
-
Стратешко партнерство со Британија
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Тема на денот со Гоце Димовски, директор на ТИРЗ
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Се повеќе млади страдаат од ментални заболувања, предупредуваат лекарите по општа и семејна медицина
-
Завршија мировните преговори помеѓу Русија и Украина
-
Лидерите од Европа на самит во Тирана - проширувањето е важно за Унијата
-
Меџити потврди влез на нови пратеници во мнозинството