Мицотакис: Референдумот ќе успее
Лидерот на грчката опозициска Нова Демократија, Кирјакос Мицотакис смета дека референдумот во северниот сосед ќе успее, но нагласува дека признавањето на македонската нација и македонскиот јазик во Договорот од Преспа е нешто неприфатливо.
Мицотакис во интервју за „Зидојче цајтунг“ уште еднаш го иразува своето незадоволство од постигнатиот Договор, но додава дека доколку тој биде ратификуван во грчкиот Парламент ќе го почитува, пренесува МИА.
- Јасно кажав дека не сметам дека овој договор е добар. Нова демократија ќе гласа против, кога и да дојде за гласање. Но очигледно, ќе треба да го почитувам како национална обврска на Грција, доколку биде ратификуван од грчкиот Парламент, вели тој.
На забелешката на новинарот на „Зидојче цајтунг“ дека македонскиот јазик е признаен во документи на ОН уште во 1977 година Мицотакис одговара дека „тоа не е исто“.
- Скопското прашање е чувствително. Мнозинството Грци го отфрлаат договорот. Особено во северна Грција многу луѓе се бесни. Стотици грчки фирми го користат терминот „Македонија“ за своите производи. Немаше да ни пречи доколку речевме дека јазикот кој се зборува во Скопје е славо-македонски, но не македонски, нагласува Мицотакис.
Напоменува дека на соседната земја и претстои референдум и според него Договорот ќе биде прифатен. Додава дека таков референдум во Грција не би поминал.
- Јас не посакувам референдум, но надворешно-политичките прашања мора да ги решава Парламентот. Тоа треба да не натера да размислиме. Господинот Ципрас не не консултираше ни за овој случај. Тој сака да ја искористи темата за да ја подели мојата партија, но јас не ја играм неговата игра. Важно е за иднината на Грција, Нова демократија да остане обединета и да може да изгради силна проевропска влада, нагласи Мицотакис.
Во врска со тоа дали смета дека нови избори треба да има по ратификацијата на Договорот, Мицотакис одговара негативно.
- Нашиот северен сосед од нас доби нешто, што ниту една грчка влада досега не беше подготвена да го даде: правото на македонска националност и македонски јазик, иако земјата ќе се нарекува Северна Македонија. Тоа е еден парадокс, додаде тој во интервјуто за Зидојче цајтунг.
Ново на Сител
-

Во штипскиот затвор почина Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за случајот 27 април
-

Цеца исвиркана од публиката во Велес откако подигна бугарско знаме - настапот беше прекинат
-

Тековно се спроведува гласањето на болните и немоќните, осудените лица и сместените во домот за стари лица во Куманово
-

Вучиќ ќе присуствува на помен и молитва во црква во Белград за жртвите во Нови Сад
-

Јужна Кореја вети дека ќе продолжи со обидите за зближување со Северна Кореја
-

ДИК: Гласањето на болни и затвореници се одвива непречено
-

Си ги повика економиите на Азиско-пацифичкиот регион заеднички да создадат одржлива иднина
-

Марта Кос: Трагедијата во Нови Сад ја менува Србија
