Мицотакис: Имаме подготвено рестриктивни мерки доколку Турција се врати на агресивното однесување кон Грција и Кипар
Имаме подготвен сет рестриктивни мерки што би можеле да се употребат доколку Турција се врати на агресивното однесување кон Грција и Кипар, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговото обраќање на состанокот на европратениците на Европската народна партија, јави дописничката на МИА од Атина.
– Бидејќи тоновите делумно се сменија, не сакам да верувате дека не продолжуваме да бидеме мета на агресивна реторика од Турција, која секако има недостиг на сериозност. Мора да бидеме свесни за фактот дека не постои суштинска промена во турската политика кон Грција. Поради тоа го следиме и овој пристап на две нивоа, подавајќи рака на пријателство, а истовремено имаме подготвен сет можни рестриктивни мерки што би можеле да се употребат доколку Турција се врати на агресивното однесување кон Грција и Кипар, истакна Мицотакис.
Во однос на мигрантското прашање тој нагласи дека за 90 отсто се намалени бегалските бранови кон Грција, дека земјата докажа оти може да функционира „ефикасната заштита на надворешните граници со целосно почитување на основните права“, но и дека е потребна поголема поддршка од Турција која „мора да ја заштити својата источна граница“.
Ново на Сител
-
Парада на гордоста во Скопје
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Парада на гордоста во Скопје
-
Анализа: Може ли Македонија во следните 5 дена да добие предлог кој нема да гази врз националните интереси?
-
Бугарското МНР бара Скопје да ги потпише протоколите, аналитичарите велат дека преговорите допрва почнуваат
-
Вучиќ: Уморен сум од игрите на ЕУ
-
ЕСМ ја правда повисоката цена на струјата со светските берзи и недостатокот на енергенси
-
Матичните лекари од 1ви септември ќе ги затворат амбулантите?