Мицкоски: Зад изборот на Пендаровски за претседателски кандидат стои Заев
Претседателот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Охрид, на средба со граѓаните на Градскиот пазар.
-На пазарот владее траорна атмосфера, сите пазарџии се жалат. Сите законски решенија што Владата ги донесе се на штета на пазарџиите, наместо решенија тие понудија одлагања. Ние како партија ќе се обврземе да донесеме законско решение што ќе во полза на пазарџиите, рече Мицкоски.
За ситуацијата во земјата во изјавата пред медиумите истакна дека луѓето тешко живеат, царува криминал, непотизам, како што рече „заевизам“, притоа нагласувајќи оти враќање на правото и правната држава се основните цели и атрибути околу кои ДМПНЕ ќе ја води идната кампања и преку која ќе ја побара поддршката на граѓаните во Република Македонија.
– За да тргне земјата во вистински правец мора да го порази заевизмот. Убеден сум во граѓаните на Македонија дека на 21 април ќе му го зададат првиот посериозен удар на заевизмот, а на следните парламетарни избори и конечниот удар, рече Мицкоски.
Во коментарот за претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски, лидерот на опозицијата рече дека се работи за, како што рече „традиционална матрица што ја пустошеше Македонија изминатите 27 години“.
-Заев на деспотски начин го одбра кандидатот, пред јавноста правеше реално шоу, некакви конкурси, но на крај пресече деспотот, го донесе својот поданик. На 5 мај Македонија ќе добие претседателка на сите граѓани во Гордана Силјановска – Давкова, рече Мицкоски.
Лидерот на опозицијата уште истакна дека после разговори со базата и членството на партијата наскоро ќе излезат и со партискиот кандидат за градоначалничка функција во Охрид
Ново на Сител
-

Почина проф. д-р Катерина Мирчевска
-

Трамп и Нетанјаху договорија состанок „во блиска иднина“
-

Министерот Ристовски ја пречека Ѓорческа по историскиот настап на Вимблдон
-

Кривична против осум инспектори поради несовесно работење со дискотеката „Пулс“
-

Пожарот кај Пробиштип сè уште активен, сите сили насочени кон Ратавица
-

Мерц возврати откако Трамп ги нарече „смешни“ одбранбените буџети на НАТО
-

МВР: Кривична пријава против три лица од Скопје за „насилство врз дете“ за нападот врз 14-годишник
-

Со возило ја урнал портата од домот на родителите на сопругата, скршил прозорец, па ја нападнал
