Потврдена поддршката од Британија за членство на Македонија во НАТО

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Лондон се сретна со нејзиниот британски колега Гавин Вилијамсон, кој ја повторил британската поддршка за евроатлантските интеграции на Македонија и најавил дека земјата ќе продолжи да ги поддржува реформите и развојот во одбраната во Република Македонија.
Како што соопшти Мининистерството за одбрана, Вилијамсон потенцирал дека е важно да се интегрираат државите и да не се остават изолирани, бидејќи, како што рекол, изолираноста може да доведе до нестабилност.
Британскиот секретар за одбрана, Вилијамсон на средбата со министерката Шекеринска, истакнал дека членството на Црна Гора во НАТО бил позитивен сигнал и дало добар импулс за натамошните НАТО-интеграции во регионот.
Секретарот за одбрана Гавин Вилијамсон порачал и дека одбранбените односи помеѓу двете земји се на највисоко ниво и оти Британија ќе продолжи да ги поддржува реформите и развојот во одбраната, особено преку програмите за образование и обука кои се достапни за македонските воени и цивилни лица.
На средбата министерката Шекеринска се заблагодарила за британската поддршка за членство на Македонија во НАТО, како и за поддршката од британските експерти за изработка на Стратегискиот одбранбен преглед, кој е клучен документ за развој на Министерството и Армијата.
- Членството во НАТО е клучно за стабилноста на Република Македонија и на регионот. Поканата за членство на Република Македонија во НАТО би испратила позитивна порака во регионот дека доброто владеење носи резултати. Се надевам на можност за заеднички вежби како што беше „Драгун Гардијан“ со Соединетите Американски Држави изминатото лето, истакнала министерката Шекеринска на средбата со нејзиниот британски колега Вилијамсон.
Ново на Сител
-

Обвинителството бара забрана насилниците да се приближуваат на 12-годишната жртва на насилството во Аеродром
-

Охриѓанец возел со 2,41 промили алкохол во крвта
-

Ограбен сеф во банка кој го имала закупено 61-годишна жена
-

Во мај 340 одобренија за градење, 229 се за високоградба, предвидени 840 станови
-

Седум лица уапсени - вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
-

Уапсени три лица за експлозиите во Солун во кои загина едно лице
-

Безбеден град се воведува и во Дебар
-

Општина Струга подготвува Градска плажа
