Мицкоски: Со што Бугарите заслужија да им дадеме уште една отстапка?
Со изјавата на членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров за вклучување на Бугарите во Уставот, ги почестивме нашите источни соседи со уште една отстапка без при тоа да имаме гаранција дека нешто ќе добиеме за возврат, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при посетата на РЕК Битола.
– Кажете ми кога ќе седнеме на маса да преговараме дали имаме загарантиран влез во Европската Унија, дали имаме загарантиран почеток на преговорите со ЕУ и со што тоа Бугарите заслужија ние да дадеме уште една ваква отстапка. Како изминува времето се повеќе отстапки даваме, изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање околу изјавата на Петров.
Според Мицкоски, ваквата изјава претставува продолжување на, како што рече, „домат дипломатијата“, којашто ја гледавме четири години од страна на Зоран Заев.
– За промена во Уставот требаат две третини, а колку што јас знам ова владејачко мнозинство нема две третини во македонскиот Парламент, потенцираше Мицковски.
Ново на Сител
-
35-годишен скопјанец пријавил дека бил тепан од неговата сопруга
-
Украдено возило на АРМ оставено на автомеханичар
-
Во координирана акција запленети 283 килограми шверцуван тутун
-
Бензините и дизелот од ноќеска поскапи за два денара
-
Крводарителска акција на 30 април по повод Светскиот ден на слободата на медиумите
-
Оддадена почит за убиените осум бранители кај Вејце во 2001 година
-
Светска банка: Раст од 2,6 проценти на македонскиот БДП, 2,5 во 2026-та
-
Костадиновски: Уставниот суд има потреба од закон за доуредување, статус кво состојбата нема да донесе никому ништо добро