Мицкоски со честитка по повод католичкиот Велигден
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го честиташе големиот христијански празник – Воскресението Христово Велигден на сите верници од католичка вероисповед.
– Ви посакувам овој најголем христијански празник да го поминете во добро здравје, радост, мир, љубов и спокој. Воскресението не учи сите нас дека со верба и надеж во Бога, во заедништво, почит и толеранција едни кон други ќе успееме да обезбедиме подобра иднина за сите граѓани и да се издигнеме над сите предизвици со кои се соочуваме, се наведува во честитката.
Воедно, како што додава Мицкоски, во оваа прилика на овој најсветол празник сакам да ги повикам сите граѓани без разлика на нивната верска, етничка или политичка припадност да се обединиме околу заедничката иднина која треба заедно да ја оствариме, за да не дозволиме политиките кои не двојат, кои не прават посиромашни и ја втуркаат државата во безизлезна ситуација да продолжат.
– Да се обединиме околу напредокот и иднината за која мораме да се избориме заедно. Да си спомнеме за луѓето кои губат надеж, кои живеат во сиромаштија и сонуваат за подобар живот. Оваа заедничка битка е за обесправените, за луѓето кои бараат промени и иднина. Нам ни е потребно обединување и мораме сите заедно да работиме да ја промениме реалноста и да ги оствариме соништата. Само така ќе успееме да го вратиме изгубеното достоинство на секој човек. Имајте убави празнични денови, многу љубов и хармонија во вашите семејства, добро здравје и духовен мир во вашите домови, вам и на вашите ближни. Нека е за многу години Велигден. Христос воскресна! Навистина воскресна!, стои во честитката.
Ново на Сител
-
Демохристијанската ЦДУ победи на изборите во Германија
-
Мицкоски очекува исклучително добри билатерални односи со новата власт во Германија
-
Три години од војната во Украина, можен ли е конечен мир?
-
Македонија коспонзор на предлог-резолуцијата на САД за Украина
-
Маркетите со задолжение да ги објавуваат сите цени секој ден
-
Минималецот ќе се зголеми за 2.000, синдикатот не верува дека ќе се исполни нивното барање
-
СДСМ и ДУИ обвинуваат дека Меџити го злоупотребил законот, Мицкоски им врати – доставете докази
-
Реконструкции во здравствениот сектор – нов лик на ГОБ ,,8-ми Септември" и карил