Мицкоски се сретна со Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-РМ
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес (19 септември 2018-та година) оствари средба со Мешовитиот парламентарен комитет на Европската Унија и Република Македонија.
На средбата се разговараше за евроатлантската иднина на државата, актуелните политички случувања во државата, како и престојниот референдум.
Соговорниците беа едногласни дека интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО е клучна за развој на животниот стандард на граѓаните како и реформските процеси во правосудството, здравството и образованието и целокупен развој на државата.
Мицкоски ја истакна посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ на интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО што е од стратешки и државен интерес.
Мицкоски им посочи на своите соговорници дека договорот за името со Грција, ВМРО-ДПМНЕ не може да го прифати, поради фактот што тој е спротивен со начелата и принципите на партија, а во иднина ќе претставува и правен механизам за блокада на интеграцијата на Македонија во Европската Унија. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го потврди и ставот дека граѓаните на Република Македонија се доволно зрели и достоинствени за самите да одлучат како ќе постапат на 30-ти септември.
На претставниците од Европскиот Парламент им беше укажано дека актуелната влада има незадоволителен прогрес во реформските процеси потребни за членство во ЕУ и дека нивната лична поддршката и залагање ќе бидат клучни за напредокот во интеграцискиот процес на Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Со сослушување на обвинетите продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
-
Без вода дел од корисниците од улицата „Востаничка“
-
Почнуваат активностите за повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“
-
Трамп: Нападите врз продажните места на „Тесла“ ќе бидат означени како домашен тероризам
-
ЕУ воведува контра царини за американски стоки во вредност од 26 милијарди евра
-
Облачно и топло, попладне врнежи од дожд
-
Русија не исклучува контакти со САД во наредните денови
-
ЕУ ја поддржува иницијативата за мир во Украина, Лондон повикува на акција