ЕУ ја поддржува иницијативата за мир во Украина, Лондон повикува на акција

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, изјави дека Европската Унија ја поздравува веста, нарекувајќи ја „позитивен развој кој може да биде чекор кон сеопфатен, праведен и траен мир за Украина“.
Изјавата следува откако Украина денеска соопшти дека е подготвена да ја прифати американската иницијатива за итен, привремен 30-дневен прекин на огнот по денешните мировни преговори во Џеда, Саудиска Арабија.
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, посочи дека ЕУ е подготвена „да ја одигра својата улога, заедно со партнерите, во претстојните мировни преговори“.
Литванскиот претседател, Гитанас Науседа, истакна дека „Украина уште еднаш ја покажува својата подготвеност да бара праведен и траен мир“ и порача дека „Русија мора да одговори“.
„Се чини дека Американците и Украинците направија значаен чекор кон мирот“, напиша полскиот премиер Доналд Туск на Икс.
„А Европа е подготвена да помогне во постигнување праведен и траен мир“, додаде тој. Британскиот премиер Кир Стармер лидер „со задоволство“ ја поздрави веста од Саудиска Арабија.
– Ова е важен момент за мирот во Украина и сите треба да ги удвоиме напорите за што побрзо постигнување на траен и безбеден мир, изјави Стармер.
Тој ја повтори изјавата на американскиот државен секретар Марко Рубио дека сега топката е кај Русите.
„Русија сега мора да се согласи на прекин на огнот и крај на борбите“, додаде британскиот премиер, најавувајќи дека овој викенд ќе свика лидерска средба за да се утврдат „следните чекори“.
Ново на Сител
-

Лишен од слобода гостиварец баран со потерница за казна затвор во траење од осум години
-

Просечната нето-плата во февруари 46.159 денари
-

Најдолгото гостување во Македонија: Кратери осум часа патуваа за Силекс
-

Охрид и Силекс ремизираа во првото полуфинале од Купот
-

Без вода утре делови од Центар и Чаир
-

Уапсен скопјанец, во возилото му се пронајдени скоро 30 грама кокаин
-

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши
-

Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица
