Мицкоски: Расте бројот на странски туристи во вториот квартал
Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од резултатите во туризмот во првиот квартал и очекува бројката на странски гости да расте и во вториот. Планот на Владата е годинава да се стигне до четири милиони ноќевања. Вака одговори на новинарско прашање во врска со објавените бројки за туризмот од Државниот завод за статистика.
- Јас сум исклучително задоволен, бидејќи е тоа квалитетен и значаен податок, особено за услужната и угостителска дејност. Можам да кажам дека во првите четири месеци бројот на туристи расте со историски 20 проценти во споредба со лани. И во април и во првите четири месеци, но и структурата на туристи се менува. Сега гледаме дека има туристи од Франција, Германија и така натаму, рече Мицкоски.
Тој посочи дека од информациите кои ги добива од туроператорите, планирани се над половина милион ноќевања надвор од сезоната во Охрид, што, како што нагласи, многу ќе значи за нашата земја.
Премиерот во одговорот се осврна на бројките во туризмот од минатата година и оцени дека имало рекордни 1,2 милиони туристи со 3,5 милиони регистрирани ноќевања.
-Оваа година целта ни е да стигнеме до 4 милиони ноќевања и милионипол туристи. Се надевам дека ќе успееме, првите параметри се добри. Во вториот квартал, во првите денови од април е зголемен бројот за 21 процент на странски гости и 20 проценти бројот на ноќевањата. Тоа е добар инпут за Бруто домашниот производ во вториот квартал, рече премиерот Христијан Мицкоски.
Ново на Сител
-
ДЗР: Владата има застарен софтвер
-
Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС
-
8-дневен притвор за насилникот што влета на терен - синот исклучен од ФФМ
-
Пратениците без нова иницијатива за изборни измени – Собранието со декларација ќе гарантира фер избори
-
Продолжуваат партиските препукувања пред локалните избори
-
Алиу се сретна со Кедев – од 15 септември приватните болници задолжително ќе ги пријавуваат сите прегледи и интервенции во МЗ
-
Голема акција на финансиската полиција: Уапсени 7 лица, едно е во бегство
-
Обвинителството бара притвор за таткото насилник кој претепа двајца млади фудбалери во Штип