Мицкоски од Прилеп: Верувам во граѓаните, исправено, гордо и непокорно да се избориме за Македонија, онака како што е наследена од нашите претци
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва е во посета на Прилеп во пресрет на референдумот во недела.
Македонија е нашата љубов, нашиот живот, наш вечен копнеж, нашата идеја и нашиот сон, порача Мицкоски преку својот статус на Фејсбук.
-Вечерва од патриотскиот и непокорен Прилеп можеше да се види таа силна енергија која кажува дека народот е свесен дека судбината на нашата земја е во негови раце. Договорот со Грција е уште едно искушение кое е пораз на нашата дипломатија, а власта сака да го престави како и пораз на целата држава, договор со кој се губи името Македонија, идентитетот и воедно се дава кочница во рацете на Грција да го блокира европскиот пат на Македонија кога сака и како сака, и доколку помине ова, години потоа ќе дојде момент кога Грција повторно ќе постави некакви услови, а ние ќе бидеме тогаш со сменето име идентитет и историја. Затоа е потребна мудрост, а во вакво искушенија нашиот народ бил највелик. Македонија е вечна, и таа ќе продолжи да живее а сите ние ќе ја поминеме оваа срамна епизода на власта како уште еден пример како не треба. Верувам во граѓаните, исправено, гордо и непокорно да се избориме за Македонија, онака како што е наследена од нашите претци, сочувана за идните генерации. Верувајте во себе, на вашето срце, и со мудрост Македонија ќе победи!, истакна Мицкоски во својот статус на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Претрес во делчевско, пронајдена дрога
-
Попладне краткотраен дожд, температура до 29 степени
-
Приведен албански државјанин за нелегално пренесување добиток
-
Дебранец лишен од слобода поради поседување оружје и муниција
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час
-
Лишен од слобода полициски службеник во Струмица поради предизвикување општа опасност
-
Приведени двајца возачи во Тетовско за пребрзо возење
-
Змија на тераса во Карпош | ФОТО