Мицкоски: Нов пакет за ново пљачкање на државата, додека бизнисот и граѓаните трпат
Новиот пакет на мерки со кој се фали владата е неразвоен и нема да одговори на потребите на стопанството и граѓаните, туку е ново пљачкање на државата, додека бизнисот и граѓаните трпат, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при посетата на компанијата Специјал, во општина Ѓорче Петров, одговарајќи на новинарско прашање за петтиот владин пакет мерки.
Мицкоски истакна дека како и досега нема помош, туку има крадење бидејќи власта вети една милијарда евра, а самиот Фатмир Битиќи кажа дека помошта била за граѓаните и за стопанството не повеќе од 350 милиони евра, што значи дека ги нема или некој ги покрал останатите 650 милиони евра.
- Поддршката на стопанствениците и на компаниите, велеа дека ќе даделе бескаматни кредити, а потоа под притисок на опозицијата и јавноста додадоа во февруари и март дека во зависност од падот на приходите на компаниите ќе дадат дополнителна стимулација за вработените за личниот доход започнувајќи од 14.500 денари за најмалиот пад на промет до 21.000 денари за поголем пад. Тоа го поздравувам но тоа треба да трае за целата 2021 година која очигледно ќе биде кризна за македонската економија, рече Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека неприфатливи се акробациите на власта бидејќи создаваат несигурност во бизнисот и луѓето не можат да планираат на правилен начин, бидејќи носат решенија под притисоци, решенија денес за утре наместо да има предвидлив период.
- Никаде не видов интензивна реализација на капиталните инвестиции што е суштински важно, не се гледа каде ќе се градат патишта, не се гледа каде ќе се реновираат болници, не се гледа каде ќе се гради канализација, не се гледа каде ќе се инвестира во водоводи, театри, градинки, културни институции. Реализацијата на капиталните инвестиции никаде не ја гледаме што основно за раст за економијата и поддршка за бизнисот и стопанството, нагласи Мицкоски.
Тој вели дека наместо помош сега власта се обидува повторно со ниски кампањи, како тоа дека игра на ставот дека ќе ги избришат долговите што ги имале граѓаните кон комуналните претпријатија, ако основниот долг го платат во 6 или 12 рати, но ги изоставуваат оние граѓани кои редовно ги сервисираат своите обврски.
Ново на Сител
-

Тековно се спроведува гласањето на болните и немоќните, осудените лица и сместените во домот за стари лица во Куманово
-

Вучиќ ќе присуствува на помен и молитва во црква во Белград за жртвите во Нови Сад
-

Јужна Кореја вети дека ќе продолжи со обидите за зближување со Северна Кореја
-

ДИК: Гласањето на болни и затвореници се одвива непречено
-

Си ги повика економиите на Азиско-пацифичкиот регион заеднички да создадат одржлива иднина
-

Марта Кос: Трагедијата во Нови Сад ја менува Србија
-

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица
-

Вкупно 422 болни и изнемоштени лица и тројца затвореници денеска гласаат за градоначалник на Струга
