Мицкоски: Не смееме да заборавиме – криминалците се шетаа слободно, денеска законот важи за сите
Криминалците се шетаа слободно, денеска законот важи за сите. Премиерот за Денот на македонската полиција со порака дека во Македонија веќе нема компромис со криминалот и корупцијата.
„Криминалците се шетаа слободно, државата молчеше, а граѓаните живееја со чувство на немоќ. Имаше време кога институциите се користеа како алатка за лични и политички интереси, а не за правда. Пораките „ќе средиме“ и „ќе се јавам“ беа погласни од законот. Но тоа време е завршено. Сакам денес, јавно и гласно да кажам: Во оваа држава нема веќе место за врски, непотизам и заштита од одговорност. Законот важи за сите – без разлика дали се работи за обичен граѓанин, функционер или бизнисмен, Христијан Мицкоски, премиер.
Нема недопирливи, порача првиот човек на Министерството за внатрешни работи во својот говор. Тошковски акцент стави на случајот Адитиви, кој е корупциска афера поврзана со адитиви за јаглен за потребните на РЕК Битола и РЕК Осломеј, каде се осомничени функционери, високи службеници и бизнисмени. Министерот се осврна и за истрагата и за трагедијата во Кочани, се постапило без двоумење и селективност.
Директорот на Бирото за јавна безбедност им се обрати директно на криминалите: Македонија не е Вашиот дом.
Во април 1993-тата, Владата на Македонија донела одлука за прогласување на Ден на македонската полиција, бидејќи на истиот ден 1903-тата, Внатрешната македонска револуционерна организација донела решение за реорганизација на четите кои се грижеле за безбедноста на делегатите на Смилевскиот конгрес. На денешната церемонија присуствуваше премиерот, претставници на безбедносните служби во државата, јавниот обвинител Коцевски, претставници на дипломатскиот кор и градоначалници.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар