Мицкоски: Не е доволно само декларативна заложба за родова еднаквост
„Родовата еднаквост е повеќе од цел сама по себе, тоа е предуслов за намалување на сиромаштијата, промоција на одржлив развој и градење на добро владеење“ кажа поранешниот генералниот секретар на ОН Кофи Анан. И навистина низ неговите зборови најдобро се опишува борбата за родова еднаквост, затоа што тоа не е цел сама по себе, туку е само дел од поширок спектар на добри практики кои мора да бидат исполнети, ако сакаме здраво општество, базирано на еднаквост, почит и просперитет.
Не е доволно само декларативна заложба за родова еднаквост, како што тоа го прави актуелната власт, тоа е потценување на интелигенцијата на жените, потребни се коренити промени, а тие доаѓаат најпрво преку градење на систем на добро владеење кој се темели на закони и правила, а не на криминал и криминални кланови кои го загрозуваат животот на граѓаните.
Не е доволно власта да се залага за еднаквост, а жените, исто како и мажите, да тонат во сиромаштија заради тоа што власта е криминална и краде.
Потребни се големи чекори напред. Потребна е вистинска заложба и искрени намери, не за политички поени, туку за подобра иднина на нашите деца.
Честит 8 Mарт. Промените ќе дојдат.
Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Последни седум дена од изборната кампања, партиите со ветувања за подобар живот на граѓаните
-
Израелската влада го одобри договорот со Хамас
-
Седумгодишно дете загина во руски напади во областа Запорожје
-
Без вода дел од корисниците на булеварите „Илинден“ и „ВМРО“
-
Дуел со Белгија за првото место во групата
-
САД преместуваат 200 војници во Израел за да го чуваат мирот
-
Уште денеска пријавување на немоќни и болни лица за гласање на локалните избори
-
Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени го погоди јужниот дел на Филипините