Мицкоски: Настрана розевите очила и лагите на Владата, народот живее тешко и во сиромаштија
Денеска сме тука во центарот на Скопје на зеленото познато, популарно пазарче, разговаравме со луѓето кои што тука и го печалат својот леб. Од тој леб го хранат и своето семејство.
Разговаравме и за начинот како властите овдека во Општина Центар, во градот Скопје се однесуваат со нив. Како се задоволни, т.е. да бидам попрецизен незадоволни од моменталната ситуација во која што самите работат и во која што државата се наоѓа.
Она кое што е важно, да кажам, дека наместо розевите очила кои што се обидуваат владата и скапо платениот ПР со нормално државни и крадени пари да го претстават, овие луѓе овдека буквално солзи ронат и едвај од крај со крај врзуваат во први месец.
Она кое што можев да го слушнам, навистина е страшно, тажно, но истовремено и разочарувачки и дополнително не мотивира да истраеме и да се бориме, и да направиме подобра држава од оваа која што денеска ја доведе Зоран Заев и ова раководство на СДСМ и оваа Влада, коалиција СДСМ – ДУИ.
Ценам дека во периодот во кој што следи вакви посети се императив и за нас како политичка партија, заедно со граѓаните да ја напишеме следната би рекол изборна програма која што ќе биде дел од локалните избори. Но истовремено и да се подготвиме за нови предвремени парламентарни избори на кои што оваа Влада ќе биде минато, и ќе дојде Влада која што ќе работи за интересите на граѓаните, и за интересите на Македонија.
Она што можам како човек да се обврзам, како нивен сограѓанин е дека сето свое знаење, сето време кое што ќе ми биде на располагање ќе работам исклучиво за интересите на овие луѓе, бидејќи нема поголемо задоволство за човек да направи друг човек среќен.
Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Групна тепачка во Батинци, учествувале 11 лица, употребени и остри предмети
-
ЦУК: Вкупно 12 пожари на отворен простор, два активни, еден под контрола и девет изгаснати
-
Пожарот кај Вардариште ставен под контрола, постепено се вклучува струја во Аеродром и Ново Лисиче
-
Телефонската линија 192 повторно е во функција
-
Четири лица, меѓу кои две малолетни тешко повредени откако се преврте автомобил на автопат
-
Папата повика на прекин на огнот во Украина: „Оружјето мора да замолчи“
-
СВР Скопје: Поради технички причини не е во функција телефонскиот број 192
-
Поради пожар на Вардариште без струја Аеродром и Лисиче