Мицкоски најави прва инвестиција во вторник

Економско заживување, зголемување на пензиите и платите, инвестиции во образованието, здравството и културата, борба против корупцијата, одговорност за секој криминал и реформи усогласени со европските стандарди, најави мандатарот и премиер на новата влада Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ.
На денешната собраниска седница на која се бира идната влада, Мицкоски веќе за во вторник најави инвестиција од 400 милиони евра, а потоа и намалување на даноците и зголемување на пензиите.
- Доаѓа часот кога татковината треба да направи повеќе за граѓаните. секој од вас направи се за својата татковина, сега е време таа да прави за вас. Според сознанијата што ги имаме, ситуацијата во повеќе области е рамна на клиничка смрт, институциите се доведени до колапс. Одлучно ќе одговориме и за се јавноста ќе биде известена. Нема да барам 100 дена меден месец, туку најавувам инвестиции веднаш, веќе во вторник инвестиција повеке од 400 милиони евра, потоа намалување на даноците и зголемување на пензиите, рече Мицкоски.

Собраниската седница ја следат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претставници на диломатскиот кор.
Според собранискиот Деловник, предвидено е седницата да трае најмногу два дена, односно треба да заврши најдоцна до утре на полноќ. Владата ќе биде избрана ако за неа гласале мнозинството од вкупниот број на пратеници.
Во новата влада ќе има вкупно 20 министерства, четири повеќе од досега. Владата ќе брои 24 члена. Покрај премиерот, ќе има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор. Мицкоски ќе има пет заменици односно вицепремиери, а еден од нив ќе биде „прв вицепремиер“. Во владиниот кабинет, 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ.
Ново на Сител
-

Судски совет и државниот обвинител со оценка за извештајот на ЕУ
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски за злоупотребите со ИПАРД: Има да одговараат од еден до последен
-

Државниот обвинител го повика Ѓорѓиевски да ги пријави злоупотребите во јавните претпријатија
-

Вреди не отстапува на местото на Изет Меџити да дојдат двајца нови министри
-

Во притвор мајката што го претепа 6-месечно бебе - За него ќе се грижи згрижувачко семејство
-

Застрелан ловџија во Конче, друг ловџија пукал во него од небрежност
-

Следната недела почнува судењето за „Пулс“, 15 обвинители ќе го водат предметот
