Мицкоски ќе додели решенија за самовработување како дел од Оперативниот план за вработување

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ќе додели решенија за самовработување како дел од Оперативниот план за вработување.
Како што информираат од владината прес-служба, настанот ќе се одржи во свечената сала на Владата. По завршување на настанот прес-конференција за медиуми ќе одржи премиерот.
Со годинашниот Оперативен план Владата вложува над 40 милиони евра за поддршка на активното вработување, преквалификација, самовработување и поддршка на претприемништвото. Преку мерките се очекува опфат на повеќе од 16.000 невработени лица низ различни програми, обуки и субвенционирани можности за вработување.
Целта на овие мерки е поттикнување на претприемништвото, унапредување на вештините и полесна интеграција на невработените лица на пазарот на трудот.
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Премиерот не е задоволен од работата на Обвинителството
-

Климатските промени влијаат врз економиите
-

Пропадна тендерот за Универзална сала
-

Општина Штип издвои 600 000 денари за најдобрите ученици
-

Преглед на вестите од светот
-

Новите станови кои се продаваат првпат и натаму ќе се даночат со 5% ДДВ
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, Европски центар за извонредност
