Мицкоски: ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одлучува за следните чекори на партијата во однос на активната болкада
На Извршниот комитет ќе се расправа за новата фаза од блокадата, најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кои се следните чекори на ВМРО-ДПМНЕ по однос на најавената блокада.
-Па нели според СДСМ и ДУИ нема блокада, ја совладале блокадата. Јас така знам они велат ја совладале блокадата и нема блокада и Собранието си функционира нормално, ама затоа секаде каде што идат по амбасади коленичат и цимолат дека ВМРО-ДПМНЕ им го блокирало Парламентот. Ако мислат дека ако ние ќе го напуштиме Парламентот е нешто што они најмногу го сакаат Зоран Заев преку Ковачевски и Талат Џафери за да може се да си поминат, она кое што во овој момент е против интересите на народот и граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ го блокира. Ние кажавме се што е за интересот на граѓаните, се што е за интересот на народот, се што е за интересот на Македонија, повисоки плати, повисоки пензии, субвенции за земјоделците, помош за стопанството ќе го поддржиме. Се она кое што цениме дека е спротивно на интересите на народот и граѓаните ќе го блокираме и така ќе се однесуваме во иднина, рече Мицкоски.
Мицкоски истакна дека ИК вечерва ќе одлучи за понатамошните чекори на партијата во однос на активната блокада потенцирајќи дека во партијата ќе се отвори дебата, а како што рече се е на маса, освен напуштање на парламентот.
-Вечер ќе имаме ИК. Имаме ние демократска атмосфера на одлучување, треба да отвориме дебата, да може да слушнеме и останатите членови на Извршниот Комитет што ќе кажат и ќе излеземе многу скоро со динамиката на активностите. Но, се е на маса, само не е напуштање на Парламентот, тоа задоволство нема да го има оваа власт, да го напуштиме Парламентот за да можат од Законот за марихуана па наваму се да си поминат, кажа тој.
На прашањето дали следен чекор се можни протести, Мицкоски не ја исклучи можноста.
Да, одговори Мицкоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп