Мицкоски: Формирањето многудетно семејство е највисок патриотски чин на еден народ за сопствената татковина
Формирањето семејство, формирањето многудетно семејство е највисок патриотски чин на еден народ за сопствената татковина, без разлика на етничката припадност, на верската припадност. Многудетното семејство значи иднина.
Ако сакаме да имаме иднина, ако сакаме да имаме држава, богата држава која ќе се развива и по нас тогаш семејството е одговорот на овој предизвик, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски на настанот Демографски трендови – Заедничка акција за инвестирање и искористување на човечкиот капитал преку петгодишната програма на Владата и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА).
-Според последниот попис сме нешто над 1,8 милиони жители. Имаме над 700.000 редовно вработени и околу 350.000 пензионери. Реално присутно население според сите проценки не надминува 1,5 милиони. Можеби ова во следните 10-15 години ќе биде предизвик, но не со таа брзина ќе го почуствуваме сите. За 20 до 25 години тоа што ќе им го оставиме на тие генерации по нас ќе биде сериозен предизвик. Зошто? Зашто тогаш се плашам дека ќе бидеме држава со под еден милион жители и тогаш ќе имаме на еден пензионер, еден вработен. Тоа значи колапс за пензискиот фонд, тоа значи колапс за здравствениот фонд, рече Мицкоски.
Според него, секој оној кој не разбира колку е ова сериозно не и мисли добро на државата.
-Нека ме нарекуваат конзервативен, заостанат, како сакаат нека ме нарекуваат, но ова мора да биде прв приоритет на оваа Влада и на сите следни влади, а тоа се многудетните семејства. За бадијала ни се градинки ако нема деца, за бадијала ни се училишта ако нема деца, за бадијала градиме автопати и пруги ако нема кој да вози и кој да се вози по нив. За тоа јас би сакал до сите македонски граѓани да упатам јасна порака формирањето семејство, а формирањето многудетно семејство е највисок патриотски чин на еден народ за сопствената татковина, без разлика на етничката припадност, на верската припадност, многудетното семејство значи иднина. Ако сакаме да имаме иднина, ако сакаме да имаме држава, богата држава која ќе се развива и по нас тогаш семејството е одговорот на овој предизвик, рече Мицкоски.
Упати благодарност до ОН, до УНФПА и до нивната канцеларија во Скопје за континуираната поддршка, соработка и визија. - Она што денеска го промовираме е петгодипна програма што ќе ја спроведуваат Владата и УНФПА. Оваа програма е план за дејствување, визија и стратегија, која ќе се реализира со конкретни активности насочени кон иднината на напшара држава и нашите граѓани, рече премиерот.
Оваа програма, како што нагласи, е потврда дека не сме сами, дека имаме пријатели и партнери во светот, но и дека одговорноста е на сите нас да ги сочуваме нашите луѓе, да ги поддржиме младите, да го сочуваме семејството и да ја обезбедиме иднината на Македонија.
Мицкоски потенцираше дека најважниот ресурс на едно општество се луѓето. Демографската рецесија, како што кажа, не е нов феномен и трае повеќе од 70 години. Од 1950 година бројот на новородени деца постојано опаѓа.
-Во 1950-тата имало над 50.000 новородени бебиња, во 2024 година имаме само околу 16.000. Овој пад има две главни причини: прво, иселувањето на младите луѓе и второ, намалениот наталитет и фертилитет. Владата е свесна за сериозноста на ова прашање и веќе работи на неколку линии. Создадовме највисок економски раст на Балканот- тоа значи нови работни места, поголеми плати и поголеми можности за младите. Инвестираме во иднината на семејствата: шест бесплатни обиди за ин витро оплодување, со забрзана процедура, сето тоа на товар на Фондот, зголемивме од три на шест. Бесплатни учебници за учениците- затоа што образованието е темел на демографскиот раст. Нови градинки во повеќе градови- за да им помогнеме на родителите. Поддршка за мајките, за децата и за семејствата, преку нови социјални и економски мерки, рече Мицкоски.
Со овој проблем се соочува целата Европа и пошироко САД, Канада, Австралија, Источна Азија. Она што е симптоматично, вели тој, е дека дури и најразвиените и најбогатите земји се најмногу погодени.
МИА
Ново на Сител
-
Уставниот суд оформи предмет за иницијативата на Левица
-
Мирен протест во Атина во рамките на генералниот 24-часовен штрајк
-
Мисајловски и Хелез на првиот академски час на Воената академија: Академијата е симбол на знаење и лидерство, со високо реноме и квалитетна настава
-
Претседателот на Киргистан го поддржа повторното воведување смртна казна во земјата
-
„Диџеј Aхмет“ од денеска во македонските киносали!
-
Гњатов: Завршена е транзицијата на украинските вооружени сили во структура на корпус
-
Судењето за случајот „Штекли“ одложено за 9 октомври
-
77-годишна жена од Скопје измамена за 180.000 денари од лажно полициско лице