Мицевски: Џафери не е способен да го менаџира Собранието
Ароганцијата, суетата и инаетот на Талат Џафери повторно доведе до тензична атмосфера и непродуктивност на Собранието на Република Македонија.
Собранието работеше до 3 часот по полноќ, но очигледно залудно. Се потроши драгоцено време кое наместо да се употреби за гласање и носење на законски решенија за излез од оваа беда и хаос во која што се наоѓа Република Македонија, Талат Џафери го потроши само за да ја задоволи сопствената суета.
Од друга страна, македонската јавност можеше да забележи дека додека пратениците на ДУИ и СДСМ не беа на работа и не беа присутни во Собранието, Талат Џафери упорно се обидуваше да демонстира доминација и самоволие, кои за среќа завршија неуспешно бидејќи пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата беа истрајни во својата намера и не му дозволија на Талат Џафери да успее во својата намера.
Имено, до доцна во ноќта се дискутираше за точката од дневниот ред на 73-тата седница односно за испраќање на припадници на АРМ на мисија во Босна и Херцеговина, но сепак оваа точка не се изгласа. Потоа Џафери ја отвори втората точка од дневниот ред и по само четири дискутанти, инаетот на Талат Џафери не издржа и тој ја прекина седницата во 3 часот по полноќ.
Како што може да се заблежи од собранискиот сајт, ова е 10-та седница со отворена точка и прекината седница на средина на дискусијата. Тоа е недозволиво однесување на претседател на Собрание и приватизирање на законодавниот дом од страна на Талат Џафери. Очигледно, Џафери не е во состојба и не е способен да води седници и да ја менаџира работата на Собранието согласно Деловникот.
Во услови кога граѓаните мака мачат со ценовните шокови и екстремното покачување на цените на речиси сите производи и услуги од секојдневниот живот, Талат Џафери води инает и воопшто нема слух за барањата на опозицијата и на граѓаните. Наместо Собранието да работи по законите предложени од ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата за намалување на ДДВ-то на основните производи на 0% до крајот на годинава, наместо да работи по законите за намалување на акцизите на горивата, Талат Џафери и мнозинството се занимаваат со точки кои не се приоритет и кои воопшто не се гласаа.
Македонските граѓани не го заслужуваат ова изживување и оваа тотална негрижа од страна на актуелната власт. Граѓаните секојдневно ги трпат ударите и гледаат како власта ги игнорира проблемите и потешкотиите со кои се соочуваат тие. Очигледно, ова не е подобриот живот кој што толку го ветуваа. Ова не е живот за граѓаните, ова е само преживување и крпење ден за ден.
Ново на Сител
-

Средба на Андоновски во Сеул со потпретседателот на Светска банка за дигитализација и вештачка интелигенција
-

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани
-

Бегство од смртта – преживеаните од терористичкиот напад на Хамас врз фестивалот „Нова“ ги раскажуваат своите приказни
-

По серијата инциденти кај Бугарија и Романија: НАТО и САД ја засилуваат контролата над Црноморскиот Регион
-

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година
-

ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември
-

Возач на автобус се обидел да прошверцува лекови против рак вредни 336 илјади денари
-

Лукровски на средба со жителите на Злокуќани: Евидентирани пpоблемите, наскоро конкретни мерки
