МФ: Обезбедените пари за референдумот нема да влијаат врз буџетските програми и проекти
Се кратат помали суми од повеќе поголеми буџетски корисници, а се алоцираат 210,4 милиони денари за спроведување на претстојниот референдум, со одлуката за прераспределба помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите која Собранието ја изгласа попладнево.
Откако беше изгласана одлуката, со соопштение се огласи Министерството за финансии во кое наведува дека се обезбедуваат средства, без да има влијание врз тековното работење на буџетските корисници ниту, пак, врз спроведување на буџетските програми и проекти.
Одлуката за прераспределба на средствата беше донесена без расправа, со 64 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржан“, а на неа и претходеа седници на Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.
Претходно Собранието, со 68 гласови „за“, без „против“ и „воздржан“ и во отсуство на опозицијата, донесе одлука на 30 септември 2018 да се одржи референдум за името кој ќе биде консултативен.
Референдумското прашање ќе гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

Акција за почисто Скопје во полн ек
-

Николовски тврди дека се загрозени 128 милиони евра од ИПАРД, Трипуновски тврди дека не се
-

Нема напредок во работата на комисијата со Бугарија - учебниците по историја за петто и шесто одделение на увид
-

Вештачката интелигенција нема да ги замени лекарите, туку ќе им помага
-

Во Штип прв центар за рана рехабилитација на деца со попречености
-

Саем за храна под мотото „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“
-

Се поскапо седнувањето во ресторани
