Метеоролозите соопштија какви температури да очекуваме ова лето
Оваа пролет и покрај деновите во кои имавме невреме, веќе ги почувствуваме пеколните температурите кои следуваат во летото. Метеоролозите најавија тропско лето, со температури повисоки од минатите сезони. Според нив, најтопло ќе биде во август. Климатолозите велат дека околу 60 отсто е веројатноста дека ќе има натпросечно топло лето, а веројатноста за вообичаено лето е далеку помала. Со оглед на глобалното затоплување и климатските промени, несомнено е дека и оваа година ќе имаме врело и спарно лето.
И меторолозите од Србија и Хрватска предупредуваат на истото.
Познатата американска приватна метеролошка служба "AccuWeather" ја објави сезонската прогноза за Европа за ова лето.
Се очекува јуни да биде просечно топол и сув. Средната минимална температура ќе се движи околу 15,9 степени, а средната максимална температура околу 26,3 степени Целзиусови. Дождови ќе има под просекот, односно под границите на нормалата.
Метеоролозите најавуваат пеколен јули со топлотни бранови кои нема да им одговараат на многумина.
Просечната температура во јули ќе биде многу над просечната со средна минимална од околу 18,2 степени, а средна максимална температура 29,2 степени Целзиусови.
Според меторолозите, нѐ очекуваат топлотни бранови во јули, а дождовите ќе бидат во границите на просекот.
Август исто така нема да ни даде да се опуштиме и разладиме. Температурите ќе се движат од 28,6 степени Целзиусови.
Ново на Сител
-
Комплексот Македонско село повторно ги отвори вратите
-
Ребалансот на буџетот на Владина седница
-
Родителите на деца со попреченост бараат законски измени и редовни месечни примања
-
Преглед на вестите од светот
-
Тензиите на Блискиот Исток ги вивнаа цените на нафтата и гасот
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Градоначалникот на Кочани поднесе кривични пријави за неколку локали кои се уште работат незаконски
-
Одбраната бара ослободителни пресуди за Кешишев, Манев и Видевски за убиствата на Вања и Панче