Меси за прекинатиот натпревар против Бразил: Ова е катастрофа
Капитенот на аргентинската репрезентација Лионел Меси ја обвини бразилската страна за заткулисни игри поврзани со прекинатиот натпревар што во неделата вечер требаше да се одигра во Сао Паоло во рамки на јужноамериканските квалификации за Мундијалот 2022.
Јужноамериканското дерби беше прекинато по само три минути игра на стадионот во Сао Паоло поради кршење на Ковид-19 протоколите за карантин.
Бразилски здравствени претставници влегоа на теренот и побараа од тројца аргентински репрезентативци, Кристијано Ромеро, Џовани Ло Селсо и голманот Емилијано Мартинез, да го напуштат стадионот и државата поради кршење на правилата за задолжителен карантин.
– Дојдовме во Бразил со намера да играме фудбал. Пристигнавме и никој ништо не нè информираше дека нешто такво може да се случи. Доколку сакаа, можеа да не депортираат пред три денови, кога пристигнавме. Ова е катастрофа, изјави Меси за аргентинските медиуми.
Ново на Сител
-
Норвешка ќе додели речиси милијарда долари за украинска бригада
-
АХВ спроведува вонредни засилени контроли пред Велигден
-
Посебен режим на сообраќај денес околу бул. „Илинден“
-
Вучиќ: Обоената револуција е завршена, наведе пет барања
-
Трамп: Преговорите за запирање на војната меѓу Русија и Украина „одат добро“
-
Денеска е Цветници
-
Без вода делови од Чаир, вклучително и гинеколошката болница
-
Сончево со мала до умерена облачност