Балкан
13. April 2025 - 8:37

Вучиќ: Обоената револуција е завршена, наведе пет барања

Пет барања до институциите изнесе денеска српскиот претседател Александар Вучиќ во говор на митингот „Не ја даваме Србија“ што се одржува во Белград.

Како прво барање - Надлежните органи и институции, пред се надлежните обвинителства, да покренат соодветни постапки од нивните надлежности со цел да се воспостави ред и мир во државата, како и целосно почитување на Уставот и законите.

„Институциите што беа киднапирани да им се вратат на граѓаните како носители на националниот суверенитет, вклучително и јавниот медиумски сервис на Србија, што е еден од клучните учесници во обоената револуција“.

Тој доаде дека бара да се утврди правна одговорност на сите лица кои учествувале во, како што рече, вандалски напади и напади врз граѓани за време на нивните мирни собири во Србија, а особено да се откријат и казнат сторителите, поттикнувачите и помагачите на „дивјачките напади врз мирно собраните граѓани во Ниш на 21 март 2025 година“.

Вучиќ побара на секој ученик и студент да му се даде можност да оди се школува или да студира ако сака.

Четврто барање - бара да се откријат сторителите, поттикнувачите и помагачите во извршување на активности штовклучуваат напади врз витални државни институции и објекти и да се спречи преземање такви активности во иднина.

Петто - Да се спречи каква било активност што самоволно и незаконски ја парализира економската активност и ги спречува граѓаните да ги извршуваат своите животни активности на нормален начин, усогласено со јавниот ред во кој секој може да смета на фактот дека во едно демократско општество државата ќе ги заштити нивните витални животни интереси.

„Конечно, ви порачуваме, на оние до кои се упатени барањата, а јас се вклучувам и себеси, макар и во мал дел, дека ќе се бориме секој ден со демократски и мирни средства, додека не се исполнат нашите барања во целост и нема да се откажеме додека не се исполни секое целосно“, рече Вучиќ.

Toj нагласи дека оние кои протестираат  почнале да ја уништуваат државата.

„Можете се да ни допрете, но ние имаме една прекрасна карактеристика. Кога некој ќе ја допре нашата земја и сака да ја уништи, тогаш сите ние се обединуваме и маршираме со тробојното знаме и нема да дозволиме никој да ни ја уништи државата“.

„Готово е со нивната обоена револуција, можат да шетаат колку сакаат, нема ништо“, нагласи тој.

Во врска со новото движење тој вечерва порача дека националното движење е потребно поради нова енергија и сила, но и „да не потсети на најважните вредности во нашето општество, како и затоа што е потребен план за развој на Србија до 2035 година“.

Вучиќ изрази благодарност до сите кои дојдоа денеска на митингот. 

„ Ви благодарам  на сите вас сестри и браќа од Република Србија кои дојдовте во Белград за да покажете колку ја сакате Србија и главниот град, ви благодарам и на вас од Република Српска и од Црна Гора, Северна Македонија. Ви благодарам на сите што дојдовте во вашиот Белград денеска. Ви благодариме на граѓаните од другите делови на Србија, не само од Косово и Метохија, кои дојдовте во Белград, и ви благодарам, белграѓани, за огромната, прекрасна поддршка“.