Бизнис
3. November 2017 - 8:19

Мерки за поттикнување претприемништво кај немнозинските етнички групи

 „Мерки за поттикнување претприемништво кај немнозинските етнички групи“, е темата на форумот што го организира фондацијата „Претприемачки сервис за млади“ и Агенцијата за остварување на правата на заедниците.
 
На форумот најавено е учество на претставници од Министерството за економија, Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување, Агенцијата за поддршка на претприемништвото, Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор, Програмата за развој на ОН, стопанските комори, како и претставници на Делегацијата на Европската унија и ОБСЕ. Ќе учествуваат и претставници на граѓански организации кои работат на полето на развој на мултиетничко младинско претприемништво и претставници на бизнис секторот – успешни претприемачи од немнозинските етнички заедници.
 
Форумот е втор од серијата шест настани за размена на идеи и предлози како дел од кампањата „И јас сум претприемач“ во рамки на проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“, финансиран од Европската унија.