Меркел: Со сета сила во борбата против климатските промени
-Глобалното загревање е реално. Тоа е закана, рече Меркел во снимениот говор што ќе биде емитуван вечерва, јавија британските медиуми.
Растот на светските температури и проблемите создадаени од глобалното затоплување ги создадоа луѓето, додаде таа.
-Значи, мораме да направиме се што е во човековата моќ за да го надминеме овој човечки предизвик. Тоа е се уште можно, рече Меркел.
„Имам 65 години и сум во возраст во која јас лично веќе нема да ги доживувам сите последици на климатските промени што ќе се случат доколку политичарите не преземат нешто, наведе канцеларката.
-Нашите деца и внуци мора да живеат со последиците на тоа што го правиме или не правиме денеска. Затоа ја користам сета сила Германија да го обезбеди својот придонес – еколошки, економски, општествен – климатските промени да се доведат под контрола, истакна Меркел.
Таа ги повика Германците да размислат како да се носат со предизвиците што произлегуваат од глобалното затоплување.
Според неа, за тоа да се постигне, потребна ни е храброст да размислуваме на нов начин од било кога претходно, сила да се напуштат познатите патишта, подготвеност за испробување на нови нешта и одлучност делата да се забразаат, уверени дека необичното може да успее – и мора да успее доколку сакаме генерациите на денешните млади луѓе и нивните потомци и натаму да бидат во состојба да живеат добро на Земјата, заклучи Меркел.
Ново на Сител
-
Уште две бисти украдени од гробиштата во Бутел
-
Малолетничка нападната од двајца мажи во Шуто Оризари
-
24-годишна девојка пронајдена почината во казино во Скопје
-
Млад мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Скопје
-
Кривична за две лица кои во соблекувална нападнале фудбалер од ОФК „Карбинци“
-
Герасимовски: Од Капиштец отпочнува караванот „Се гледаме во маало“ - заедно со центарци ја креираме новата програма
-
57-годишна битолчанка насилно силувана од сопругот
-
Царинската управа за една година наплатила над 177 милиони евра