Меркел му вети на Бајден засилена соработка, САД се најважниот партнер на Германија
Германската канцеларка Ангела Меркел денес му понуди на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден засилен ангажман на Германија на меѓународно ниво и посочи дека постојат бројни области во кои двете земји мораат да ја зајакнат соработката.
„Ние Германците и Европејците сме свесни дека треба да преземеме поголема одговорност во трансатлантската соработка. Ова вклучува засилени напори за подобро презентирање на нашите верувања пред светот”, рече германската канцеларка Ангела Меркел (ЦДУ) во своето прво директно обраќање откако Џо Бајден е прогласен за избран претседател на САД.
Меркел, која веќе писмено му честиташе на Бајден во саботата, ја истакна важноста на односите Берлин-Вашингтон.
„Америка е и останува наш најважен сојузник, кој со право очекува од нас да се ангажираме повеќе во областа на безбедноста и застапувањето во светот“, рече Меркел.
Вашингтон со години бара од Германија да го зголеми својот придонес во НАТО, но тој притисок беше особено зголемен за време на владеењето на Доналд Трамп. Меркел истакна дека има многу области во кои САД и Германија, како дел од Европската Унија, мораат да ја интензивираат соработката.
„Тука е и борбата против пандемијата на коронавирусот, против климатските промени, како и тероризмот“, рече Меркел.
Германската канцеларка исто така истакна дека САД и ЕУ мора да се борат за отворена светска економија како основа на просперитет од двете страни на Атлантикот.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Борбата со високата корупција останува главен фокус
-
Пресуда за криминалната група од Грчец
-
Мицкоски: Извештајот на ГРЕКО е признание за напорите на владата во борбата против корупцијата, ќе продолжиме уште пожестоко
-
Државниот Завод за Ревизија одржа конференција за финансиска отчетнос на изборите
-
Нуркањето привлечно за туристите
-
Екоактивисти во Струмица маршираа против загадувањето од депонијата Шапкар
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија не е мизерна и нема да пропадне ако не влезе во ЕУ, кажа хрватскиот претседател Милановиќ