Меркел и Пленковиќ се надеваат на напредок за Македонија и Албанија
Германската канцеларка Ангела Меркел на вчерашната средба во Берлин со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ истакнаа дека се надеваат дека ќе има напредок во отворањето на пристапните преговори со Македонија и Албанија со Европска Унија на Самитот во мај во Загреб.
– Самитот за Западен Балкан, што ќе се одржи во Загреб е многу важна работа поради проблемите со почетокот на преговорите со Македонија и Хрватска. Се надеваме дека на Самитот на ЕУ и земјите од Западен Балкан ќе се постигне напредок на тоа поле, посочи Меркел по средбата со Пленковиќ.
И хрватскиот премиер изрази оптимизам за Самитот на ЕУ што ќе се одржи на 5 и 6 мај.
– Овој Самит ќе даде реална перспектива во односите на ЕУ со земјите во соседството, за да знаеме со каква динамика овие земји се движат кон членството, наведе Пленковиќ.
Меркел и Пленковиќ разговараа и за координација со претседавањето со ЕУ и ја потврдија желбата заеднички да работат на решавање на проблемите.
Германија на 1 јули ќе го преземе претседавањето со ЕУ од Хрватска.
Ново на Сител
-
Павловски: Македонија треба да биде прва во Европа по крипто бизнисот за да се развие
-
Таравари го свика партиското раководство
-
Тема на денот со Крис Павловски
-
Таравари на излезна врата - Ќе го следат ли сите пратеници
-
Кошта во посета на Западен Балкан
-
Напредок има, но другите земји растат побрзо од нас - Корупцијата е најголем проблем!
-
Пресудата за пожарот во модуларната болница во петок
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче молчи за златната виза?