Меркел: Хуманитарниот систем на функционира
Германскиот канцелар Ангела Меркел повика денеска во Истанбул да се прекине праксата на непочитувањето на ветувањата за финансиска помош и повика да се создаде функционален систем за гарантирање на финансирањето.
- Мошне често се даваат ветувања за донации, но парите за реализирање на проектите не стигнуваат до местото за кое се наменети. Тоа треба да престане, рече Меркел на првиот Самит за хуманитарни прашања, кој се одржува во Истанбул.
Таа нагласи дека сегашниот глобален систем за обезбедување хуманитарна помош не функционира и повика да се преземе нешто за да се гарантира брза и ефикасна доставка за помош за луѓето, кои имаат потреба во време на криза, јави ДПА.
Меркел го критикуваше и нарушувањето на меѓународното хуманитарно право во зоните на вооружените конфликти.
- Во Сирија и на други места се бомбардираат болници и медицински центри, гинат луѓе, додаде таа.
Ново на Сител
-
Стратешко партнерство со Британија
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Тема на денот со Гоце Димовски, директор на ТИРЗ
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Се повеќе млади страдаат од ментални заболувања, предупредуваат лекарите по општа и семејна медицина
-
Завршија мировните преговори помеѓу Русија и Украина
-
Лидерите од Европа на самит во Тирана - проширувањето е важно за Унијата
-
Меџити потврди влез на нови пратеници во мнозинството