-->
-->
МЕПСО ќе гради нов далекувод од Штип до Пробиштип
-->

Со тоа МЕПСО почнува процес на реконструкција на шест 110 киловолтни далекуводи, инвестициски циклус вреден над 21 милион евра
Далекувод што ќе ги поврзе трансформаторските станици „Штип“ и „Пробиштип“ ќе биде долг 27,2 километри и ќе биде поставен на 111 челично-решеткасти столбови. Овој линиски енергетски објект ќе се гради на истата траса на која сега поминува 110 киловолтниот далекувод што ги поврзува двете трансформаторски станици и е во функција 45 години, од 1972 година. Изградбата на новиот далекувод ќе трае 12 месеци.
Овој проект, според МЕПСО, значајно ќе ја зголеми доверливоста и капацитетот на преносната мрежа во источниот регион, а особено е значајно подобрувањето на условите за снабдување со квалитетна електрична енергија за Пробиштип, Злетово, Кратово и Крива паланка.
Изградбата на нов далекувод меѓу Штип и Пробиштип е дел од проектот за ревитализација на преносната мрежа што опфаќа изградба на вкупно шест далекуводи од мрежата на МЕПСО. Со овој процес се опфатени и 110 киловолтните далекуводи помеѓу трансформаторските станици: Битола 1 – Прилеп 1, Скопје 1 – Миладиновци, Скопје 4 – Велес, Велес – Овче Поле и Штип – Овче Поле. Сите нови далекуводи ќе бидат поставени на челично-решеткасти столбови што ќе ги заменат старите армирано-бетонски столбови стари повеќе од 50 години. Вкупно ќе бидат изградени околу 170 километри нови далекуводи. Во овој инвестициски циклус ќе бидат вложени над 20 милиони евра од кои дел се сопствени средства на МЕПСО и дел се заем од Европската банка за обнова и развој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Формирана стручна комисија која ќе испитува дали има лекарски пропуст кај починатото дете од Кавадарци
-
Нема драстично поскапување на основните прехранбени производи вели Дурмиши
-
Грантови до 10.000 евра за невработени лица кои сакаат да започнат бизнис
-
Преглед на вестите од светот
-
Повозрасните кочанчани погодени од трагедијата утеха бараат во алкохолот, неместо кај психолог
-
Избор на нов министер за здравство во Собранието
-
Две нови мерки за вработување
-
Лицата со телесен инвалидитет со порака да бидат видени