МЕПСО ќе го суспендира „ЕНГ Сервис Трејд“ ако не врати долг од 40 милиони денари
Педесет и седум милиони денари е вкупиот долг кон МЕПСО на компании кои учествуваат на пазарот на електрична енергија што го наследи новото раководство. Овој долг е направен од почетокот на годината, а 70 отсто отпаѓа на компанијата „ЕНГ сервис Трејд“.
Ова го соопшти Симон Шутиноски, директор од новиот менаџмент во МЕПСО на денешната прес-конференција.
Од МЕПСО најавуваат дека ќе го суспендираат „ЕНГ Сервис Трејд“ ако не врати долг од 40 милиони денари, направен за преземена, но неплатена електрична енергија.
- Повеќе од 70 отсто од вкупниот долг, кој во најголем дел е направен во првиот квартал годинава, е на компанијата снабдувач, ЕНГ Сервис Трејд. Претходниот менаџмент, од засега непознати причини, не презел мерки за активирање на инструментите што стојат на располагање за негова наплата. Претпоставуваме дека, надлежните државни инстанци ќе покажат интерес за овој случај за што менаџментот и официјално ќе ги извести, рече Шутиноски.
Тој информираше дека по објавување на јавната опомена пред суспензија за овој снабдувач, вчера е даден налог за активирање на банкарската гаранција депонирана од оваа компанија, со што ќе се покрие дел од долгот на ЕНГ Сервис Трејд спрема МЕПСО.
МЕПСО, како што истакна Шутиноски, во иднина ќе постапува врз основа на законските прописи и правила со цел навремено информирање на јавноста и спроведување на мерките за заштита на јавниот интерес на граѓаните
Ново на Сител
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис