Менторски сесии во рамки на натпреварот „Паметна автобуска постојка“
Фондот за иновации и технолошки развој, Министерството за образование и наука, ЈСП „Скопје“ и Град Скопје го организираат натпреварот „Паметна автобуска постојка“.
Како што информира Фондот за иновации и технолошки развој, натпреварот се организира со цел промоција на иновациската дејност, поттикнување на соработката меѓу научно-истражувачките, високо-образовните институции и бизнис секторот и промоција на лабораториите во високо-образовните институции.
Натпреварот „Паметна автобуска постојка“ се организира во соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство од Скопје (ФИНКИ), Машинскиот факултет од Скопје и УНДП, кои ја поддржуваат лабораторијата за социјални иновации на ФИНКИ и го поддржуваат Град Скопје во воведувањето иновации во јавниот сектор, преку вклучување на заедницата во изнаоѓање решенија со цел подобрување на јавните услуги.
Како што соопшти Фондот за иновации и технолошки развој, на натпреварот „Паметна автобуска постојка“ се изработува паметно, иновативно решение за автобуската постојка на улицата „Димитрие Чуповски“ без број (Рекорд-Центар). Учествуваат пет тимови, составени од различни профили на учесници.
Овој период во тек се менторските сесии на кои учесниците имаат можност да го подобрат своето решение, но и дополнително да се консултираат со менторите со цел подобрување на моменталната автобуска постојка. Досега се одржаа две менторски сесии. Првата во просториите на Фондот за иновации и технолошки развој, а втората во просториите на Машински Факултет-Скопје, каде беше и презентирана лабораторијата со 3Д принтерот и начинот на кој може да го користат учесниците со цел изработка на 3Д макетата.
Учесниците за финализирање на идејното решение ќе ги имаат на располагање двете лаборатории со 3Д принтери, односно на Машинскиот факултет-Скопје и на ФИНКИ. Презентацијата на решенијата ќе се одржи на 3 декември годинава.
Ново на Сител
-
Нелојална конкуренција – проблем за туристичките водичи
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителката Ленче Ристоска е задоволна од одлуката на Уставен суд
-
Тема на денот со Милан Стефаноски, надворешно политички аналитичар
-
Трамп: Русија е во подобра позиција за преговори од Украина
-
Изгоре стан во Кисела Вода – Пет лица се повредени
-
Со сатар и два ножеви скопјанец се обидел да влезе во Кривичниот суд
-
Од денеска замрзнати цени и маржи, казните за непочитување се до 10 илјади евра