Менди Ќира го продава луксузното „Ауди“ на Мерко и најави отказ за сите што земаат плата а не одат на работа

Менди Ќира новоизбраниот градоначалник на Струга вчера го прими уверението за мандатот, по што имаше примопредавање на функцијата од досегашниот градоначалник Рамиз Мерко.
Тој на прес-конференција најнапред се заблагодари за поддршката и вети дека ќе биде градоначалник за сите граѓани на Струга, без разлика дали го дале својот глас за него и оти веднаш ќе почне со реализација на ветеното и повтори дека „почнуваат промените“ во општина Струга.
Ќира рече дека веднаш потпишал предлог-одлука за продажба на службениот автомобил „Ауди“ кој го купи неговиот претходник и дека својот приватен автомобил ќе го користи за службени потреби.
„Денеска почнуваме од зборови на дела. Промените почнуват, мојот изборен и среќен број, 133, стои и на таблиците на мојот автомобил, кој од денеска ќе ѝ служи на Општина Струга во наредните 4 години. Исто така, донесовме важна одлука – за сите вработени кои не одат на работа со денови, месеци и со години, а некои од нив работат во странство, од денеска почнува процес на раскинување на решенијата за вработување“, рече Ќира.
Ново на Сител
-

Град Скопје забрани домаќинствата и фирмите да фрлаат ѓубре од 22 навечер до 6 наутро
-

Преглед на вестите од светот
-

Откриени 10 непотребни кардиохируршки операции
-

ФЗОМ одбележува 25 години постоење
-

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ дека Заев се уште ги држи конците во СДС е поставувањето на Александар Трајановски за потпретседател на Филипче
-

18 нови вработувања во штипска Клиничка болница
-

Започнува единаесеттото издание на „Самун ем татлија“ во Радовиш
-

Преглед на вестите од светот
