Меморијален марш во спомен на загинатите патници кај Ласкарци
По повод годишнината од трагедијата кај сeлото Ласкарци и во спомен на шестнаесетте загинати патници, во четврток, 13 февруари, ќе се одржи марш од местото на несреќата и истиот ќе заврши на градскиот плоштад во Гостивар.
Иницијативата за граѓанскиот марш потекна од група планинари, а поддржана е од општина Гостивар. Според предвиденото, маршутата е долга 55 километри.
-Покрај сеќавање на жртвите во трагедијата, со овој марш сакаме да испратиме порака до надлежните државни институции да ги преземат сите неопходни мерки за поголема безбедност во патниот сообраќај, како и да ги сензибилизираме сите учесници во сообраќајот вакви трагедии да не се повторат, велат организаторите.
Од локалната самоуправа ги повикуваат граѓаните што помасовно да учествуваат на маршот, а учество во него најави и градоначалникот Арбен Таравари со неговите соработници, со што како ште рече, симболично ќе го продолжи прекинатиот пат на патниците.
На 13 февруари во попладневните часови во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово, од коловозот излета автобус на компанијата „Дурмо Турс“ кој превезуваше патници на редовна линија од Скопје кон Гостивар. Во несреќата загинаа 16 лица, 35 беа повредени.
Ново на Сител
-
Уставен поведе постапка за оценување на уставноста на измените на КЗ
-
Премиерот го повика државниот обвинител сам да поднесе оставка
-
Членовите на Судски совет прво ќе анализираат па дури потоа ќе кажат дали ќе си поднесат оставка
-
Доживотен затвор за убиецот на штипјанката Емилија Пешева
-
Без тапани, со економска поддршка ќе се бранат Македонците во Албанија
-
Пропадна обидот за намалување патни трошоци
-
Села ги доби печатите од АА
-
Владата на вонредна седница утре ќе ги замрзне маржите на 100 групи производи