Мелони се сретна со Трамп на имотот Мар а Лаго во државата Флорида

Италијанската премиерка Џорџа Мелони доцна синоќа имаше средба со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, која се одржа на имотот Мар а Лаго во државата Флорида, јави италијанската новинска агенција АНСА.
Мелони доцна синоќа замина во САД за да разговара, според италијанските и американските новинари, на повеќе теми – војната во Украина, кризата на Блискиот Исток, а исто така и случајот со италијанската новинарка Чечилија Сала, која беше уапсена во Техеран на 19 декември и држена во самица во затворот „Евин“ во близина на главниот град на Иран.
Состанокот на Мелони со Трамп траеше неколку часа, а на него присуствуваше и Марко Рубио, иден државен секретар во администрацијата на милијардерот републиканец.
На средбата беше и Скот Бесант, идниот министер за финансии на Трамп, како и Мајк Волц, иден советник за национална безбедност во Белата куќа и Тилман Фертита, идниот американски амбасадор во Италија.
Мелони беше придружувана од италијанската амбасадорка во САД, Марианџела Запа.
Мелони пристигна во Мар а Лаго околу 1:30 часот по полноќ по италијанско време и полета назад во Италија четири часа подоцна.
Според известувачот на „Волстрит журнал“, Трамп и рекол на Мелони дека таа „навистина ја освоила Европа“ и дека е „многу возбуден што е тука со фантастична жена, премиерката на Италија“.
Рубио, пак, ја нарекол Мелони „голем сојузник и силен лидер“.
Ново на Сител
-

Мицкоски за Рамадани: Себичен потег кој им штети на другите кандидати на ВРЕДИ
-

Активности на кандидатите за градоначалници
-

Дождот ја стопираше акцијата за собирање смет во главниот град - улиците под вода
-

Од утре 11 нови директни авиолинии од скопскиот и охридскиот аеродром
-

Депонии на секој чекор
-

Наколната населба во Дојран била изградена од повеќе мали платформи поврзани со мостови
-

Неопходно е носење на закон за заштита на Охридското Езеро
-

Преглед на вестите од светот
