Мексиканскиот нарко бос „Ел Чапо“ префрлен во друг затвор

Мексиканскиот нарко бос Хоакин Гузман, попознат по прекарот „Ел Чапо“, е преместен од затворот во централно Мексико во затвор во градот Сијудад Хуарез, на границата со САД.
Ел Чапо беше уапсен во јануари, шест месеци откако побегна од затворот со максимално обезбедување во централно Мексико, пренесуваат француските медиуми.
И покрај шпекулациите, неговото преместување нема апсолутно никаква врска со можното предавање во САД, каде го бараат заради убиства и трговија со дрога, наведуваат официјални мексикански претставници.
Тој е преместен за да се спречи неговото евентуално бекство додека траат работите на дополнителното обезбедување на затворот во кој бил во Мексико Сити, наведуваат француските медиуми.
Гузман, шеф на нарко-картелот „Синалоа“, беше еден од најмоќните светски нарко-босови.
Ново на Сител
-

Во Клиниката во Козле хоспитализирани 60 деца со респираторни инфекции
-

Јаневска: Проблемот со петките во Македонија е сериозен
-

Традиционалната книга не изумира
-

„Марш на ангелите“ во Кочани
-

Тема на денот со Протојереј-ставрофор Зоран И. Стојанов, декан на деканатот Св. Кирил и Методиј(Католичка Црква)
-

Поплави во општина Чешиново-Облешево
-

Филипче ќе го разреши и Илиевски од потпретседател на СДСМ, Спасовски останува координатор
-

СДСМ: Власта направи хаос во ПИОМ
