Меѓународна судска конференција „Независно судство“
Прва меѓународна судска конференција на тема „Независно судство“ ќе се одржи денеска и утре во Охрид, во организација на Врховниот суд и Здружението на судии на Македонија, во соработка со CEELI Institute од Прага и со поддршка на Амбасадата на САД во Македонија.
На настанот ќе бидат опфатени теми во врска со предизвиците, добрите практики и искуства за независно судство во поглед на законодавната, финансиска и функционална независност, поддршка на позитивната перцепција за судството и почитување на неговата независност, континуираната едукација и судската етика, транспарентното судство и односот со медиумите.
На конференцијата ќе присуствуваат претседателот и судии на Врховниот суд на Македонија, на апелационите и основните судови, членови на Здружението на судии, Здруженија на судии, судии од судската мрежа CEELI Institute од Прага на земјите учеснички, како и претставници на CEELI Institute Прага и Амбасадата на САД во Македонија, најавија организаторите.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг