Кошарка
25. August 2015 - 22:57

Нов висок пораз од „црвената фурија“

Македонската кошаркарска репрезентација го претрпе и четвртиот пораз во подготовките. Вечерва во Логроњо Македонија беше совладана од Шпанија со 88:54 (27:15; 18:10; 19:16 и 24:13).

Ова беше втор пораз и тоа убедлив од „црвента фурија“.
Најефикасен и најдобар поединец на дуелот беше Пау Гасол со 26 поени и1 6 скокови, додека кај Македонија Ричард Хендрикс постигна 9 поени, апо 8 имаа Војдан Стојановски и Бојан Трајковски.
Македонија досега одигра осум натпревари и има по четири победи и порази.
До крајот на подготовките нашите кошаркари ќе одиграат уште два натпревара во Рига против Летонија на 29 и 30.август.