Меѓународна ликовна колонија во Гевгелија
Под покровителство на општина Гевгелија, во организација на фондацијата „Аполонија“ во Гевгелија почна 17. Меѓународна ликовна колонија во чија работа годинава учествуваат 14 ликовни уметници од Франција, Германија, Бугарија, Србија, Грција, САД и Македонија.
Десетина дена сликарите ќе изработуваат дела по сопствен избор инспирирани од богатото и живописно гевгелиско поднебје кои по затворањето на колонијата преку изложба ќе и бидат презентирани на публиката, информира директорот на фондацијата, Аце Ристовски.
- Годинава, како и лани, учесниците на колонијата изразија желба три дена да престојуваат во планинското село Ума каде ќе работат на обновување на иконостасот на црквата „Свети Пантелејмон“ за која ќе изработат и една фреска. Останатите создадени дела на колонијата, по завршувањето на изложбата, остануваат во сопственост на фондацијата и ќе бидат дел од богатиот фонд на слики создавани од почетокот на колонијата до денес, рече Ристовски.
Уметнички селектор на колонијата „Аполонија 2018“ е гевгелискиот академски сликар Драги Хаџи-Николов, а покрај него нашата земја ја претставуваат сликарите Ниче Василев, Павле Кузмановски, Трајко Јовановски, Александар Јовановски, Славица Михаилова и Фиљо Танов.
Ново на Сител
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара
-
Партиите со мeѓусебни обвинувања за трагедиите во модуларната болница и дискотеката “Пулс”
-
Почна полагањето на државната матура – 15.000 ученици на жешките столчиња
-
Отворен ден на штипските средни училишта
-
Мирен марш за поддршка на Епископот Партениј
-
МПЦ-ОА одбележа 1700 години од првиот собор во Никеја
-
Бања од римски период откриена во приватен двор во струмичко Баница