-->
-->
Меѓународен тамбурашки фестивал во Куманово
-->
Со настап на „Наши Тамбураши“ и вокалните солисти Сандра Милковска и Нино Величковски, синоќа во Куманово беше отворен 13. Меѓународен тамбурашки фестивал.
На првата вечер настапија и оркестрот „Тамбураториум“ од Панчево, Република Србија и победниците на „Тамбурица фест“, оркестарот „Д7“ со Душан Свилар, кои повеќе од час и половина ја забавуваа кумановската публика.
Фестивалот и годинава е поддржан од општина Куманово и Министерството за култура.
„Тамбурашкиот фестивал е синоним за боемскиот живот во Куманово. Изминативе години поминаа многу познати оркестри и признати уметници. Во наредните години очекувам дека ќе се реализира идејата на тамбурашите од градот за организирање трибини и семинари за сите вљубеници во оваа музика, изјави градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски.
На фестивалот учествуваат тамбурашки оркестри од Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска и Унгарија.
На втората и последна фестивалска вечер ќе настапат „Кратовски тамбураши“ и окрестрите „Дунавкиње “ од Унгарија, „Беќаруше“, женски тамбурашки орекстар од Хрватска, а фестивалот ќе биде затворен со настап на „ Пљевља“ од Црна Гора со вокалните солисти Нина Стругар и Мугдин Мухановиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски - Директор на ФЗО
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК го усвои упатството за помал број на советнички места во дел од општините
-
Левица најави кандидат за Скопје - Партиите со заострена реторика за локалните избори
-
Николоски тврди: ЕУ ги пролонгира новите правила за влез и излез за македонските граѓани
-
Само 4ИГ достави понуда на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати
-
Владата најавува системско решение за Ѓавато и Дојранското Езеро