Меѓународен научен собир се одржа во Неготино
Меѓународен научен собир на тема „Процеси на културна интерференција" односно Балканот помеѓу Истокот и Западот, изминативе три дека се одржа во Неготино.
Магистер асистент Александар Василески, истражувач при Јавната национална установа Институт за старословенска култура од Прилеп, синоќа во изјава за медиумите изрази задоволство што Институтот го одржа овој собир заедно со соработниците од Институтот за словенска филологија при Универзитетот "Адам Мискијевиќ" од Полска. Настанот се одржа во конаците на манастирот "Свети Ѓорѓи" близу Неготино.
- Домаќини сме на повеќе од 40 научници и научни работници од неколку земји, научниот собир е успешен, распоредени се излагањата во неколку сесии на различни теми, бидејќи нашата институција е самата по себе по својот карактер интердисциплинарна. Имаме присутни етнолози, археолози, историчари на уметност, историчари-лингвисти, нагласи Василески.
Тој изрази надеж дека со ова ќе се помогне за унапредување на научната мисла која се однесува на процесите на мешање на културите. Нешто, како што рече, толку актуелно во денешно време.
Ново на Сител
-
ЈП „Исар“- Штип воведе 24 часовна стражарска служба на градската депонија
-
Државата ќе ги плати трошоците за складирање на јачмен се до постигнување подобра цена за земјоделците
-
Преглед на вестите од светот
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен