Меѓу загинатите е и гитаристот на ДНК: „Што сака нека биде“ беше песната кога започнал хоророт
Освен Ѓорги Ѓоргиев, меѓу загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани е и Филип Стевановски, клавијтурист во ДНК и директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ и Фестивалот за детски песни „Весело штурче“ и Александар Коларов, гитарист во ДНК.
Стевановски и Коларов се од Штип и, како што велат штипјани, и двајцата биле оженети за две сестри.
Според видеата, што се споделуваат на социјалните мрежи во моментот кога настанал пожарот журката била во полн ек.
„Што сака нека биде“ беше песната која се пееше кога почнаа пламените јазици да се шират, се вели во објавите на социјалните мрежи.
Од она што се знае до сега е дека Панчо е во болница со повреди, а за Андреј се уште се шират шпекулации и се додека нема официјална потврда за неговата состојба ММС нема да објавува информации.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии
-
Инциденцата и преваленцата на малигни заболувања кај пациентите од истокот е во пораст
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартува инвестиција на „Шахтерм“ - Турска фабрика за греачи за бела техника