Македонија
17. May 2025 - 15:20
Стартува инвестиција на „Шахтерм“ - Турска фабрика за греачи за бела техника
Поставен камен темелникот на новата турска инвестиција во ТИРЗ Скопје. Се работи за фабриката „Шахтерм“ за производство на системи за греење за бела техника и апарати за домаќинство за најголемите производители во светот.
Во првата фаза ќе се инвестираат 25 милиони евра и се предвидени 200 работни места, додека пак, целата инвестиција е планирано да биде во вредност од 50 милиони евра со над 500 вработени.
Инвестицијата со која ќе се гради објект со површина од над 13.000 квадратни метри, опфаќа и центар за истражување и развој, а ќе биде прв производствен капацитет на „Шахтерм“ надвор од Турција.
-->
-->