Меган и Кејт ги гледаа Ѓоковиќ и Надал на Вимбдлон: Малку недостасуваше една од војвотките да добие топче во глава
Кејт Мидлтон и Меган Маркс го следеа тенискиот меч меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.
Војвотките се појавија во јавност во Вимблдон вчера, без своите сопружнции, а за да изгледа се совршено, Меган и Кејт ја ускладија гардеробата.
Кејт Мидлтон и Меган Маркл беа сместени во кралската ложа на трибините каде најпрво го следеа мечот меѓу Анџелика Кербер и Серена Вилијамс која инаку и е блиска пријателка на новопечената војвотка.
За време на тенискиот меч меѓу Ѓоковиќ и Надал малку фалеше Меган Маркл да добие топче по глава.
Имено, по ударот на Надал, топчето полета кон публиката и малку фалеше да ја погоди војвотката во глава. Меган брзо со рацете ја покри главата, а топчето за среќа не ја ни допре. Кејт и Меган слатко се насмеаја по овој „инцидент“.
Ново на Сител
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска
-
ОЈО почна истрага за членот на „Десна“ кој се ослободил од пиштолот со кој Палчо пукал
-
Кумановец возел со 2,37 промили алкохол во крвта па удрил во паркирано возило
-
Уапсени двајца возачи, едниот возел со 1,90 промили алкохол, другиот со 1,60 промили алкохол во крвта
-
Јаневска: Воведување на вештачката интелигенција е следен чекор во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем
-
Приведена бегалка од затвор, вратена е во КПУ Идризово
-
МЗ: Комисијата не најде грешка во работењето на Болница во Кавадарци во врска со починатото дете
-
Кривична пријава против правно лице, во ceф соба биле пронајдени 382 кутии со марихуана