Меџити: Ќе дисперзираме кадри од Клинички низ цела држава
Ќе дисперзираме кадри од Клинички центар низ целата држава, најави министерот за здравство Фатмир Меџити, по денешната презентација на апликацијата „Мое здравје“.
- Не, нови вработувања ќе има. Дефицит на кадар има низ цела држава, посебно средно медицински кадар и ние настојуваме во договор со МФ и со Фондот за здравство, ова веќе да почне да се имплементира и да се случи да има нови вработувања. Значи насекаде имаме дефицит на средно медицински кадар, подвлече тој, одговарајќи на прашањето дали ќе нема нови вработувања.
Тој беше прашан и зошто за нашите македонски доктори, поатрактивно е да заминат и да работат во Хрватска, Словенија, Германија и во други земји.
- Ние преземавме многу мерки досега, сме во комуникација со штипскиот, скопскиот и со тетовски факултет за медицина, па и за фармација, за стоматологија ќе стапиме во контакт, ќе направиме една програма. Кога ќе бидат овие студенти шеста година, да се знае точно од кое место доаѓа, од кој град доаѓа и кое ќе му биде работното место во иднина, информираше Меџити меѓу другото.
Ново на Сител
-
Коцевски: Идниот месец обвинение за Кочани
-
Филипче: Владејачката коалиција ќе се распадне
-
Нова градинка во скопски Центар
-
Годинава само половина од планираните површини ќе се посеат под ориз
-
Климатските промени го уништуваат езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
Светска банка: Со ваков раст на БДП стандардот на европските граѓани ќе го стигнете за 60 години
-
Илјадници верници во Ватикан чекаат „бел чад“