Меџити: Имаме забелешки за работата на Илире Даути, но не поддржуваме иницијативи од Левица
Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити во врска со интерпелацијата на претседателката на собраниската Комисија за труд, социјална политика и млади Илире Даути од Европскиот фронт, рече дека имаат забелешки за нејзината работа, но оти не поддржуваат иницијатива од Левица.
-Потврдувам дека Илире Даути беше претседател на Комисија и ќе остане претседател на Комисија. Можеби имаме многу забелешки за Даути, но кога има иницијатива од Левица ние сме против и затоа ќе ја поддржиме, рече Меџити.
Во однос на последните интерпелации на министрите што не беа изгласани во петокот, Меџити кажа дека се најлошите или најнеизгласаните во историјата на Собранието.
-Да поднесеш иницијатива за интерпелации и на крај да гласаат само тројца пратеници, тоа покажува дека имаме поддршка и внатре во Европскиот фронт па дури и внатре во ДУИ и многу луѓе таму мислат како нас и имаат отворена врата да се приклучат кон Влен, изјави Меџити по посетата на Гостивар одговарајќи на новинарски прашања.
Во однос за иницијативата за интерпелацијата на потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, Меџити рече дека ниту еден од пратениците од коалицијата Вреди не бил присутен на гласањето на неговата интерпелација, и тоа, како што рече е политичка порака.
Во Собранието во петокот не поминаа четирите интерпелации за работата на владините функционери. Само беше поддржана интерпелацијата за претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, поднесена од Левица, со 61 глас „за“, 22 против и без ниту еден „воздржан“. Собранието констатира дека наводите во интерпелацијата се основани. На седницата не присуствуваа пратениците од СДСМ, а против гласаа и од Вреди.
Со изгласувањето на интерпелацијата, сега пратениците ќе треба да изберат нов претседател на собраниската Комисија за труд, социјална политика и млади, место кое му припаѓа на Европскиот фронт.
Интерпелацијата за Даути во ноември ја поднесе пратеничката група од Левица поради тоа што Даути, како што беше посочено на седницата во петокот, со нејзиното „несовесно, неодговорно, противуставно и противзаконско однесување“ го кочела Законот за бранители поднесен од опозициската СДСМ со тоа што не го ставила на дневен ред на Комисијата со која претседава.
Ново на Сител
-
Тема на денот со доктор Катерина Мирчовска, директор на кочанската болница
-
Со владиниот авион ќе бидат евакуирани македонците кои се наоѓаат во Израел
-
Трет ден конфликт меѓу Израел и Иран, Трамп и Путин ја оценија состојбата како „многу алармантна“
-
Кочани на приоритетната листа за министерот за здравство - Алиу вели дека нема да оперира, туку ќе менаџира со системот
-
Процесот на рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани е долг, скап и макотрпен
-
Обвинителството им стои на располагање на семејствата на жртвите
-
Зајкова бара собраниска седница зад затворени врати за престојниот НАТО Самит
-
Откриени 5 гробници издлабени во камен на локалитетот Крклари дел од заштитеното подрачје Маркови Кули