МД „Илинден“ со честитка за Илинден
Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и огранокот за Голо Брдо, по повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, упати честитка до сите Македонци ширум светот.
-Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија и насекаде во светот, од име на македонското друштво „Илинден“ најсрдечно Ви го честитаме Денот на Републиката, втори август и двата историски Илиндена, 116 години од Илинденското востание и 75 години од Првото заседание на АСНОМ. Нека ни е честит националниот празник Илинден и нека е вечна нашата татковина, Македонија, стои во честитката.
Се додава и дека Илинден е ден кога ги славиме и се присетуваме на голем број револуционери и борци, кои со својата крв ги испишаа најславните страници од историјата на македонскиот народ.
-Да го почитуваме и славиме Денот на двата Илиндена, со почит, гордост и достоинство, како што му прилега на овој голем ден, е наведено во честитката, потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и на огранокот за Голо Брдо, Или Халилај.
Ново на Сител
-
Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, значително подобрена и состојбата во Дрисла
-
Мотоциклист од Гевгелија им подлегнал на повредите по излетување од патот
-
Кошта: За ефикасна европска одбрана потребно е заедничко финансирање
-
Руска служба за разузнавање: ЕУ подготвува „српски Мајдан“
-
Морган Фримен за своите златни обетки коишто се неразделив дел од неговиот имиџ
-
ДУИ: Скопје се труе, Изет се крие!
-
Македонското здружение „ВМРО-ДПМНЕ-Албанија“ го доби решението за регистрација во судот во Тирана
-
УХМР: Следува период на претежно сончево време