Мбапе донираше пари за пронаоѓање на пилотот на авионот во кој загина Сала
Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе донираше 27.000 фунти како помош во потрагата по пилотот Дејвид Ајботсон кој исчезна по падот на неговиот авион во Англискиот канал вечерта на 21 јануари кога загина фудбалерот Емилијано Сала.
Ајботсон и Сала патуваа од Нант кон Кардиф кога авионот исчезна од радарските екрани.
По завршување на неуспешната акцијата за пребарување од страна на надлежните служби, семејството на Сала побара приватна истрага за која беа собрани пари од роднини и пријатели, остатоци од авионот заедно со телото на аргентинскиот фудбалер беа пронајдени на дното на Ла Манш.
Телото на пилотот уште не е најдено, па неговото семејство, слично како на Сала, почна хуманитарна акција за собирање средства за приватна потрага.
Целта е 300.000 фунти, а досега се собрани половина од нив. Во акцијата учествувале околу седум илјади донатори, меѓу нив и ѕвездата на ПСЖ и на францускиот фудбал, Мбапе.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование и наука
-
245 000 ученици утре ќе седнат во училишните клупи - 17 250 се првачиња
-
Колку е штетен Чет ГПТ за децата и тинејџерите?
-
Филипче: Иако Мицкоски не’ одби ќе поднесеме документ за црвените линии
-
Партиски активности на кандидатите за градоначалници
-
Инфлацијата кај нас е повисока од еврозоната заради очекувањата дека цените ќе продолжат да растат
-
Недостасува ИТ квалификуван кадар за поддршка на електронските услуги